Fendi сценираше римска ноншалантност со својата пролетна ready to wear колекција

21 септември 2023

Ако треба да се употреби некаква дефиниција за пролетната ready-to-wear колекција на Ким Џонс тоа би било римска ноншалатност.

Она што беше импресивно покрај самата колекција беа гостите во првите редови Линда Евангелиста, Наоми Кемпбел, Амбер Валета, Кејт Мос, Деми Мур, Кара Делевињ...

Моите пријатели дојдоа, оваа колекција е многу убава и сакав сите да ја видат, беше одговорот на Џонс пред почетокот на шоуто,

Мур го отвори деби шоуто на Џонс за модната куќа во 2021-ва и оттогаш британскиот дизајнер ја интегрираше оваа пракса во приказната за Fendi црпејќи инспирација од неговиот претходник Карл Лагерфелд.

Дизајнерот го замисли шоуто како фантазија од случајни минувачи кои тој ги гледа за време на своето утринско, работно патување во Рим.

Плетени блузи, кардигани, здолништа и фустани, архитектонски заплеткани едни во други наспроти телото, создавајќи впечатливи, нови форми од конвенционални состојки.

Предимензионирани кошули, палта и фустани со отвор, на кои се придружуваат свилени фустани со нежно испечатено двојно F лого во змиски дезен.Чанти со огромни пропорции кои една по една се редеа, наспроти мини варијантите во публиката.

И интензивно жолта боја што може да се каже дека доминираше на пистата, како што направи и Лагерфелд пред 24 години. 

Fendi овојпат покажа една невообичаена релаксираност, можеби момент на мала оддишка пред големата 100 годишнина на модната куќа во 2025.

Фото:Vogue

Објавено:
21 септември 2023
Категорија: 
Колекции