Како "грдите" Birkenstock сандали станаа мега популарни

13 октомври 2023

Никој не претпоставуваше дека едни "грди" чевли ќе станат модна сензација.

Birkenstock не беа создадени за модниот пиедестал. Тие се широки, рамни, целосна спротивност на елеганција и изгледаат гломазно.

Компанијата што стои зад нив е основана далечната 1774 од страна на германскиот производител на чевли Јохан Адам Биркенсток.

Неговата цел беше да се изработат удобни и комфорни обувки.

Чевлите од плута, велур и јута беа за прв пат дизајнирани од неговиот правнук во 1896.

Birkenstock беа сметани за премногу грди и нивната хипи естетика им "обезбеди" место на рафтовите каде се продаваше здрава храна или лекови.

Но еден ден, сето ова магично се смени. Младата, 16-годишна Кејт Мос, реши да ги облече за една од првите фотосесии и од грдо пајче, во 1990, Birkenstock станаа лебед.

Преку ноќ чевлите се претворија во симбол за стил, а останатото е историја...

Во 2019, се продадоа речиси 24 милиони пара во повеќе од 100 земји, изгледаа еднакво добри и со мини здолниште, фармерки, чорапи, шапка...едноставно сè одговараше со нив.

Valentino, Manolo Blahnik и Dior се само некои од имињата што соработуваа со компанијата и направија свои интерпретации на моделот.

Речиси секој од нив се распродаваше во рекордно време, со што Birkenstock си го зацементира своето место во модната индустрија.

Повеќе од три децении чевлите се статусен симбол на познатите кои едноставно ја обожаваат таа нивна грда естетика.

Birkenstock со два свои модели се појавија и во годинешниот блокбастер Barbie со што продажбата скокна за 300%.

Голем број на холивудски ѕвезди се фанови на овие комфорни сандали...

Затоа никогаш не го потценувајте својот дизајн, работите се менуваат кога најмалку очекувате.

 

Објавено:
13 октомври 2023
Категорија: 
Стории