Две изложби на Јана Манева-Чупоска во Париз

25 октомври 2023

Изминатиов петок (20.10) во Амбасадата на Македонија во Париз беше отворена изложбата на Јана Манева-Чупоска наречена „Париски нацртан филм".

Изложбата се состои од цртежи изработени на цртачка хартија од триесет метри во форма на филмска лента.

Оваа изложба е нова и е создадена во период од два месеца како резидент во македонското ателје при Меѓународниот резиденцијален центар во Париз (Cite Internationale des arts).

Втората изложба се отвора денес (25.10) во македонското ателје во рамките на Меѓународната резиденција во Париз (Cite internationale des arts Paris).

Изложбата ќе ја отворат вршителот на должноста во Амбасадата на нашата земја во Париз, Рафет Хајдари, и француската уметница Роземан Робино, која е, исто така, моментален резидент во Меѓународниот резиденцијален центар во Париз (Cite Internationale des arts).

Јана Манева-Чупоска е редовен професор на Европскиот универзитет и претседател на ДЛУМ.

Фото: Приватна архива

 

Објавено:
25 октомври 2023
Категорија: 
Култура