Девојките полудеа по новата прекрасна колекција на Маркс и Спенсер

14 ноември 2013

Британскиот бренд Маркс и Спенсер лансираше неверојатна колекција за пролет 2014 година. Брендот изминативе години прикажа навистина носливи парчиња облека по кои девојките ширум светот буквално полудеа.

Изгледа дека новиот креативен директор Белинда Ерл навистина си ја знае работата. Таа не само што ја продолжи прекрасната приказна на брендот, туку истата ја направи уште подобра.

Куси јакни, панталони со висок струк и лежерни фустани, се само некои од парчињата што брендот ги презентираше.

Погледнете ја целата колекција и одберете си го омиленото парче!

Објавено:
14 ноември 2013
Категорија: 
Колекции