Впечатливиот накит кој привлекува внимание со сјајните кристали е одлична летна инвестиција, а може да биде и зимска за сите оние кои се посмели во комбинирањето на боите. Тој е добар додаток за кежуал комбинација од панталони и бел топ со реси, но и за кратки панталони и кожен топ.

Без разлика дали се работи за белегзија, прстен, ѓердан или обетки, неонскиот накит стана јака конкуренција во светот на модните додатоци. Можете да го носите само овој накит или да го комбинирате со бижутерија или злато.

Објавено:
21 мај 2013
Категорија: 
Модни додатоци