На годинешната LACMA гала вечер, што се одржува во Музејот на уметноста во Лос Анџелес, меѓу другите гости посебно се истакна Џенифер Лопез, која што пристигна заедно со сопругот Бен Афлек.
На настанот, чија што цел е да собере донации коишто ќе одат во фондот за поддршка на филмската уметност, Џеј Ло, 54 и Афлек, 51 се појавија во стајлинг на Гучи.
Лопез со поѕирниот, златен фустан со тантела, којшто ги потенцираше нејзините нозе и деколтето уште еднаш докажа дека е една од најубавите дами во Холивуд.
Гламурозна и суптилно провокативна таа позираше пред објективите заедно со сопругот, а двојката изгледаше заљубено и среќно.
Впечатлив беше и изборот на накит во знакот на црвениот рубин, а златната клач чанта и беж потпетиците на платформа одлично го заокружија свечениот стајлинг.
Бен за оваа прилика носеше класичен Гучи костум.
View this post on Instagram
Фото: Instagram