Најсекси мажот според магазинот Пипл, Адам Левин е познат по тоа што ги сака супермоделите. Но, тоа не е неговата единствена врска со модниот свет.
Затоа, во продолжение прочитајте токму за неколкуте нешта кои не сме ги знаеле за Адам и неговата поврзаност со модата.
1. Првиот албум е за модна новинарка
-Дебитантскиот албум на Maroon 5 насловен како Songs about Jane е заснован, или макар еден дел од него, на врската на Адам со Џејн Херман Бишоп, модна писателка, односно новинарка, која соработувала и со Вог, Т Магазин, Геп. Двојката се вљубила уште во средношколските денови, а нивната врска траеше четири години. Песната This Love Адам ја напишал на денот кога врската завршила. Кога албумот ја здогледа светлината на денот, Левин изјави за Ем-Ти-Ви дека во секоја песна има макар по еден стих посветен на Џејн.
2. Неговото семејство поседува синџир на бутици во Калифорнија
-Таткото на Левин, Фред, неговата маќеа Лиса и тетката Марди имаат развиено модна линија зад M.Fedric, а основниот бутик е во Лос Анџелес, а има уште девет дуќани и аутлет продавници на уште девет локации. Во бутиците има облека за жени, мажи и деца, како и чевли и модни додатоци. Исто така, може да се најде
3. Левин освен парфем има и модна линија
Во август 2010 година основаше линија насловена како 222. Името доаѓа од адресата на зградата каде Maroon 5 го снимија својот прв албум.
-Сакав да направам нешто дискретно и елегантно - нешто поради тоа што луѓето ќе ме почитуваат во цел свет, како Том Форд и нешто што ќе ги привлече. Постои ниво на интимност за кое морате да размислувате. Јас не сакам на пример секој да ме мириса, освен ако не ми е некој близок - изјави пејачот.
4. Тој навистина се грижи само за облеката
5. Има уникатен стил
-Фармерки, маици и кожени јакни - тоа е она што ми треба. Мислам дека секогаш е интересно да се биде најдотераната личност во собата.