Дизајнерот на Кока – Кола и Адидас со самостојна изложба во Холандија

25 ноември 2013

Во еден од најдобрите холандски музеи се одржа изложба на шпанскиот дизајнер Џејми Хајон.

Неговото творештво е некаде на границата помеѓу дизајнот и уметноста, иако таков правец се уште не постои.

Но, голема е веројатноста дека дизајнерот со титула „најдобар шпански креативец“ е многу блиску до тоа да создаде нов правец. Шпанецот со лондонска адреса во своето портфолио има клиенти како Кока – Кола, Адидас, Сваровски и многу други.

Неговата прва самостојна изложба го носи насловот „Фунтастико“, а во неа ќе биде прикажан пресек на творештвото на дизајнерот, па дури и неговите проекти за славните брендови што ги споменавме претходно.

Објавено:
25 ноември 2013
Категорија: 
Фото галерија