Тие се идоли на многу луѓе ширум светот, сакани, обожавани, со светска слава и многу пари. Понекогаш дури овие удобности и привилегии кои ги уживаат познатите предизвикуваат завист во очите кај некои луѓе, но тоа и не толку важно. Она за што ќе зборуваме денес се недостатоците и маните во поглед на физичкиот изглед кај ѕвездите. И покрај сите пари, слава и моќ, тие се сепак „обични“ луѓе кои нормално како кај сите луѓе имаат несовршености кои некои од нив на лукав начин ги користат како свои оружја или заштитен знак на нивниот изглед. Тие своите недостатоци ги прифатиле како најголемо богатство и знак кој ги прави да бидат поразлични од другите. Дали убавината е само мит или стандардите кои ги наметнува и критериумите кои ги воспоставува модната индустрија се премногу високи и преценети, одлучете сами!
Првата ѕвезда на „тапет“ е познатиот супер модел Жизел Бундшен која е всушност и најплатена манекенка за 2013 година. Таа благодарение на несовршениот изглед на нејзиниот нос добила свои улоги во многу кампањи, едиторијали и насловни страни.
Разделените предни заби може да изгледат многу симпатично. Ванеса Парадис, Мадона и Џорџија Меј Џегер имаат ваков расцеп и верувајте дека тоа воопшто не им пречи напротив им додава шарм во нивниот совршен изглед.
Вдлабнатите предни секачи на Кирстен Данст се препознатлив белег на нејзината насмевка. Таа воопшто не го крие фактот дека има мали заби кои се неправилно распоредени, туку тој нејзин условно кажано недостаток го користи како свој адут. Имено колку само за информација улогата на девојката на Спајдермен ја доби токму благодарение на маркантната насмевка.
Уште една ѕвезда која има сличен проблем со насмевката како Кирстен Данст е Летиција Каста, чии предни заби се вдлабнати, па таа личи како некое глодарче кога ќе се насмее. Тие се и истакнати и вдлабнати во исто време, па прават кога ќе се насмее да мора да ја собира устата. Сепак, мислењето на повеќето експерти е дека таа изгледа навистина слатко, нејзината природна убавина е толку силна што ретко кој ги забележува нејзините заби.
Ако овие две убавици имаат проблеми со забите, тогаш наредната холивудска дива има проблем со големината на устата. Џулија Робертс важи за една од најплатените актерки на денешницата. Таа припаѓа на старата гарда актери кои имаат посебно место не само во филмската индустрија, туку генерално во светот на шоу бизнисот. Сепак, ниту таа не е совршена во поглед на физикусот. Таа има толку широка уста, што кога ќе се насмее може да ја рашири од едното до другото уво. Сепак во едно интервју таа вели дека си ја обожава својата насмевка и дека таа една од ретките луѓе кои можат буквално да се смеат од уше до уше.
Проблемот со нагласена вилица го имаат неколку познати актерки. Камерон Дијаз, Кеира Најтли, Џенифер Анистон, Дру Баримур и Рис Витерспун припаѓаат во оваа група на „брадести девојки“. Нивните бради се навистина истакнати и непропорционални со нивните лица. За да не им доаѓа брадата до израз тие научиле интересни начини на држење на главата кои им помагаат да го сокријат овој мал недостаток и да изгледаат убаво и посакувано.
Дебелите веѓи порано беа критикувани и непосакувани, но денес Кара Делевињ, светски познатиот модел ги врати во живот. Лили Колинс и Џенифер Конели се достојни претставници на дебелите веѓи. Ноември е месец на мустаќите кај мажите, но и месец на веѓите кај жените.
Појавата на печуркаст и шилест нос се само дел од низата недостатоци со кој се соочуваат ѕвездите. Сара Џесика Паркер, Ума Турман Ријана и Викторија Бекам влегуваат во оваа група. Сара, Ријана и Викторија имаат мало топче на врвот на носот кое тие со помош на шминка го маскираат и го сокриваат, а Ума Турман пак има шилест нос. За жените со шилест нос се вели дека се важни, силни и борбени. Мислам дека со овие епитети јасно ни е зошто токму таа ја доби улогата во Kill Bill на Квентин Тарантино.
Кристина Ричи е убава млада актерка која уште во детството започна да гради филмска кариера. Неа ја познаваме од филмот за Каспер. И тогаш и сега нејзина најголема мана во поглед на физикусот е премногу високото чело, за кое таа вели дека воопшто не и пречи.
„Жените од периодот на хуманизмот и ренесансата морале да ги кубат предните влакна за да имаат повисоко чело, јас го имам гратис и горда на сум тоа. Мора да има нешто аристократско во мене“, вели Кристина.
Друга аномалија со која се соочуваат ѕвездите е страбизмот. Не знам колку сте знаеле ама Емили Блант и Мишел Ханзикер страдаат од оваа болест. Ова е повеќе болест отколку недостаток и се однесува на очите, т.е. се појавува мрзливост на окото, но со соодветен лекарски третман ова се надминува.
Им дојде ред и на клемпавите уши. Најпознати ѕвезди кои имаат ваков недостаток се Кристен Стујарт и Кејт Хадсон. И покрај оваа аномалија овие познати актерки не се ограничуваат себе во поглед на носење на косата. Клемпавите уши не се причина тие да не ја носат косата собрана.
Се чини дека Рене Зелвегер е единствена која има подигнати јаболчници, а за тоа да нема направено операција. Нејзините образи се убави и подигнати, па таа мора постојано да ја собира устата за да ја затвори.
Никој во Холивуд нема толку топчеста форма на лице како онаа на Иван Рејчел Вуд, толку мали гради како оние на Кејт Мос, толку заоблен и истакнат задник како на Џенифер Лопез, на кој дури и Ким Кардашијан му завидува и толку низок раст како оној на Кајли Миног, дури и Дени де Вито е повисок од неа, за цели 5 сантиметри.