Моќта на црвениот кармин

25 мај 2013

Ако се навратиме малку наназад низ историјата ќе забележиме дека црвениот кармин има богато минато, почнувајќи од далечните четириесети години, па се до ден денешен.  Но сепак, треба да бидете внимателни како при изборот на посветлата или потемната нијанса на црвено, така и во начинот на несување на карминот и секако да ја знаете разликата меѓу денската и ноќна шминка.

Доколку сте русокова најдобро би било за денска шминка да користите посветла нијанса, па дури и онаа која има и малку розова нота, а руменилото може да биде во потемна нијанса. А, за вечерен изглед можете да нанесете јака црвена боја на кармин, но со посветло руменило.

Смегите девојки ја имаат најголемата предност бидејќи може различно да ги комбинираат сите нијани на црвено и одлично да изгледаат без разлика дали станува збор за денска или ноќна шминка.

Бринетите треба да внимаваат при изборот на црвениот кармин бидејќи на нив најмногу ќе им одговараат јаката и потемна боја на црвено или вино црвенкаста нијанса. Секако најважно од се е истакнувањето на очите и трепките, а ова се однесува на сите типови девојки.

Убавината на црвениот кармин е во тоа што остава впечаток на силна и моќна жена, а мажите дефинитивно не можат да му одолеат на овој феномен. Па доколку сте спремни да заведувате, тогаш црвениот кармин за вас е добитна комбинација. Ако не ни верувате нас, тогаш сигурно ќе им верувате на големиот број селебрити ѕвезди како Бијонси, Ријана, Гвен Стефани, Рита Ота, Лив Тајлер, Ким Кардашиан, Кристина Агилера, Ева Лонгорија, Мадона, а во минатото Одри Хепберн и Мерлин Монро.

Објавено:
25 мај 2013
Категорија: 
Убавина