Како да препознаете квалитетна облека?

25 мај 2013

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да препознаете добро изработена облека од лоша.

  • Сигурен знак по кој ќе препознаете дека одредено парче е за еднократна употреба, се резервните копчиња. Доколку ги нема, се работи за неквалитетна изработка, а доколку се во кесичка до етикетата, со оригинален резервен конец, тогаш тоа е знак за висок квалитет. Таканаречените резервни делови значат дека дизајнерот предвидел дека тие ќе траат доволно долги, па поправките што ќе треба да се направат ќе бидат ситни.
  • Обврнете внимание и на составот на материјали од кои е изработено парчето, квалитетот на копчињата, како и цврстината на изработката на рабовите.
  • Облеката која има пластичен, наместо метален патент е исто така доказ за неквалитет.
  • Исто така, проверете дали ткаенините на рабовите се поклопуваат со останатиот дел од парчето. Совршеното поклопување е особено важно кога материјалот е со каро, или дезен во риги, бидејќи во спротивно нивната неускладеност ќе придонесе облеката да изгледа евтино и неестетски.
  • Бирајте облека што содржи што поголем процент на природни материјали, како памук, волна или свила.
  • Лабавите рабови кои ја набираат ткаенината, се рашиваат, а преку некои места иглата и не поминала, се знакови на лоша изработка. Поминете преку шавовите од сите страни и затегнете ги, за да видите како се изработени.
  • Пред да купите нешто, проверете ги копчињата и отворите за копчиња. Погледнете дали се лабави и дали се нишаат. Задолжително закопчајте ги сите. Премногу малите отвори за копчиња се уште еден од знаците за лош квалитет. Затоа кога купувате, добро отворете ги очите.

Објавено:
25 мај 2013
Категорија: 
Направи сам