Џенифер Лоренс во новата кампања на Мис Диор

27 мај 2013

За потребите на кампањата, Џенифер изгледа елегантно и префинето. Облечена во најновите креации од пролетната колекција, нејзиниот изглед бил дополнет со плик чанти, во сина, беж и нежно розова нијанса.

„Отсекогаш бев голем фан на Диор кој ја претставува убавината и моќноста на една жена. Се чувствувам полна со самодоверба кога носам модни парчиња од Диор, па токму затоа и ми е чест што соработувам со овој реномиран француски бренд” – изјавила Џенифер Лоренс.

Објавено:
27 мај 2013
Категорија: 
Сцена