Нова агенда на Модната недела во Њујорк

7 декември 2013

Водечкиот продуцент на Модната недела во Њујорк, IMG,  за есен 2014 година најавува низа промени во однос на организацијата на ова големо модно збиднување, кои ќе допринесат за подобар маркетинг и флуентност на сите инволвирани. Партнерот на меѓународната модна заедница,IMG истакнува дека Мерцедес Бенз модната недела во „Големото јаболко“ ќе понуди поинаква платформа од дополнителни простории за одржување на ревиите, дигитално претставување на колекции, максимална маркетиншка стратегија и организирани автобуси од една до друга локација на одржување на ревиите. Кетрин Бенет од IMG, во интервју за „Wall Street Journal“ вели дека примарна цел им е да воспостават баланс меѓу сите инволвирани, како учесниците така и посетителите, а и да се подобри маркетингот со тоа што новите колекции ќе бидат промовирани на повеќе светски медиуми.

Нови локации

Обезбеден е нов простор во Линколн Центарот од 6000 метри кавадратни, плус два шатори каде местата за седење ќе бидат уредени поинаку од стандардно, со тоа што пистата ќе има некоја таканаречена бесконечност. Додека за оние дизајнери што не сакаат да бидат дел од официјалната програма, воведена е вонредна која не се поклопува со термините на останатите модни претставувања.

Автобуси

Организаторите за да им помогнат на купувачите, новинарите и уредниците, воведуваат бесплатни автобуси кои во одредени термини ќе превезуваат од една локација до друга.

Дигитална програма

За дизајнерите што сакаат виртуелно претставување на колекциите,ќе биде поставен голем видео-бим каде ќе се вртат новите есенски парчиња.

Главен прес центар

Во еден од ново поставените шатори ќе има прес центар каде дизајнерите ќе можат да даваат изјави по завршувањето на ревиите. Водени од претходното искуство, организаторите истакнуваат дека важно им е да се направи правилен распоред, кој ќе може да влезе во овој центар, а која не и со тоа да се избегне хаосот.

 

Објавено:
7 декември 2013
Категорија: 
Актуел