Веќе подолго време во мода се густите веѓи кои бараат помала грижа, но тоа не значи дека треба целосно да ги занемарите. Ние ви нудиме пет совети за формирање на убави веѓи.

1. Прилагодете го обликот на веѓите според формата на лицето – Ако имате четвртаста форма на лицето најдобро би било да имате поблаг облик на веѓите, со цел да направите рамнотежа со острите црти на лицето. За кружната форма на лице, најдобри би биле тенките веѓи, кои може да се пополнат со моливче. За оние со срцевидна форма на лицето најдобро би било да имаат поизразена остра форма на веѓи, а за оние со долгнавеста форма на лицето, се препорачува да се следи природната форма на веѓите.

2. Правилно кубење – Веѓите треба да се кубат внимателно, од внатрешната кон надворешната страна. Внатрешната страна на веѓите треба да биде рамна со внатрешниот агол на окото. Внимавајте при преминот од првата до втората половина на веѓите, со тоа што првата би требало да биде оолу 7 мм, а втората да се намалува постепено.

3. Усогласување на веѓите со бојата на косата – Потрудете се да ги усогласите боите на веѓите со бојата на косата. Тоа не значи дека мора да бидат во иста нијанса, но доколку не е така, најдобро би било да не се разликуваат во повеќе од две нијанси. Русокосите девојки треба да имаат веѓи со потемна нијанса од бојата на косата, а бринетите со нијанса посветла од бојата на косата.

4. Користете моливче за веѓи – Моливчето може да ве спаси доколку сте направиле грешка при кубењето на веѓите. Покрај исполнување на празнините, со моливчето може да ги истакнете веѓите. Доколку имате моливче со мала четка, нанесете спреј за коса на неа и на тој начин ќе го зацврстите обликот на веѓите.

5. Одржување – Еднаш неделно одвоите десет минути за нега на веѓите. Доколку веѓите ви се обликувани, потребно е само да ги отстраните подраснатите влакна.

Објавено:
28 мај 2013
Категорија: 
Направи сам
Тагови: 
совети веѓи