Далас комплетно го анимираше тексашкиот дух на пред-есенската колекција на Шанел

11 декември 2013

Поркај претходното презентирање на пред-есенската колекција за 2014 на Шанел во неколку светски метрополи, тексашки Далас со комплетното амбиентално опкружување каде доминираа патриотските знамиња и пластовите сено, очигледно беше најсоодветната локација која комплетно го анимираше духот на истата.

Metier’s d’Arts како што е насловена пред-есенската едиција апсолутно со секој детаљ, избор на бои и дезени, со разресените рабови на ракавите, здолништата и ракавиците како и модифицираните шешири, во секој поглед потсетуваше на Тексас.

Карл Лагерфелд ја позајми американската историја како стимул и запиша нова во хронологијата на модната индустрија.

 

Објавено:
11 декември 2013
Категорија: 
Колекции