Џон Галијано со нов предизвик пред себе

11 декември 2013

Џон Галијано ќе ги дизајнира костимите за претставата „Важно е да се викаш Ернест“ на Оскар Вајлд под режисерска палка на Стивен Фрај. Гласините кои се појавија на почетокот на јуни сега се потврдија, а за дизајнерот ова нема да биде прв пат да го креира костимот за ликот на Lady Bracknell  бидејќи тоа веќе го има направено во далечната 1982 година кога улогата ја играше актерката Џуди Денч.

Со името на поранешниот водечки дизајнер на Кристијан Диор се поврзуваат и гласините дека ќе биде дел од тимот на Оскар де ла Рента, но веста се уште не е официјално потврдена.

Објавено:
11 декември 2013
Категорија: 
Сцена