Што да облечете денес?
•
17 декември 2013
Овој вторник ви предлагаме комфорна и тренди комбинација, за девојки кои пред се сакаат да се чувствуваат удобно во она што го имаат на себе. Па така, денешниот избор нека падне на тексас кошулата која ќе ја нагласите со црн ремен на половината, надополнета со црни фармерки во цигара крој или хеланки во истата боја, зависно од тоа што поседувате во гардероберот. Најголемиот ефект од комбинацијата е интересно стилизираната пелерина која ќе биде доволно дебела за да ве стопли. Од аксесоари изберете ги мото чизмите до глужд и чанта исто така во црна боја.