Ова е нашата нова симпатија: Ив Сен Лоран сјаеви со четкичка во форма на усни

19 декември 2013

Мора да признаеме дека веќе долго време не сме виделе ваква колекција на сјаеви за усни! Новата колекција на Ив Сен Лоран за пролет 2014 година ни носи прекрасна палета на висококвалитетни сјаеви со можеби најубавата четкичка на светот и тоа во форма на усни!

Во колекцијата има сјаеви во дури 23 нијанси, а портпаролите на брендот нагласуваат дека овие прекрасни козметички производи се како создадени за бакнување.

Имено, Ив Сен Лоран смисли посебна формула со која покрај тоа што сјаевите изгледаат прекрасно, тие се и многу квалитетни и ги негуваат усните.

Штета е само тоа што оваа колекција нема да биде достапна наскоро, инаку истата би била идеален подарок за новогодишните празници.

Објавено:
19 декември 2013
Категорија: 
Убавина