Бајковити фустани од Зак Посен што ќе ги гледаме на црвениот килим

26 декември 2013

Во период кога светските дизајнери ги претставуваат пред есенските колекции, свој дизајнерски придонес имаше и американскиот дизајнер Зак Посен. Дизајнот на љубимецот на холивудските дами, веќе со години е еден од најактуелниот на црвениот килим. Овој мајстор за вечерни тоалети ни овој пат не отстапи од рецептот за своите клиентки и нуди широк спектар на бајковити фустани.

Пред есенската колекција е елаборирана со добро смислени детали и врвна рачна изработка, а оваа сезона Посен се откажа од сјајниот сатен и силните бои, со тоа што за следната есен испорачува нешто помалку драматични модели, но доволно софистицирани за во нив да уживаат оние што го обожаваат неговиот дизајн.

Објавено:
26 декември 2013
Категорија: 
Колекции