Како изгледал животот на Џеки Кенеди во Њујорк?

28 декември 2013

Новата книга со фотографии „New York Jackie: Pictures from her life in thе City“ раскажува една приказна за животот на една од најпознатите први дами на САД по нејзиното преселување во Големото јаболко.

Џеки Кенеди Оназис заминала во Њујорк веднаш по атентатот на нејзиниот сопруг во 1963 година и тоа дефинитивно не можело да остане незабележано – буквално секој нејзин чекор го следеле сите папараци.

Прошетките со нејзините деца низ улиците на Менхетен, уживањето во сладолед на Петата авенија или едноставното возење велосипед низ улиците на градот – во секој момент сите знаеле што таа прави.

Нејзините обожаватели низ фотографиите објавени во оваа книга ќе имаат можност да ја запознаат вистинската Џеки: икона на стилот, мајка и неверојатна жена.

Книгата ќе биде објавена во март следната година.

Објавено:
28 декември 2013
Категорија: 
Фото галерија