Флерт со француската шик девојка

10 јануари 2014

Французите имаат своја дефиниција за шик: нивниот стил е романтичен, но никогаш патетичен, или елегантен и опуштен истовремено, а притоа имаат точно одредена умерена доза-ниту премногу, ниту оскудно облечени.

Парижанките најдобро знаат да флертуваат со стилот. Rock’n’roll кожена јакна, малку њу-вејв вибрации, андрогени парчиња и фокус на деталите – а сепак секоја приказна за себе.

И покрај тоа што важат за една од најмодерните стилизирани нации, сепак робството на трендовите за нив е навреда. Ситуацијата е со спротивна релација. Тие и даваат нова инспирација на модната индустрија, па токму затоа голем дел од модните икони на денешницата ги носат француските гени.

 

Одри Тоту

Доколку не сте се обиделе до сега да носите чевли со ниска потпетица, францускитедами тоа често го прават и ако сакате да го следите нивниот пример, ви ја посочуваме фасцинантната актерка Одри Тоту. Истовремено удобни, но со задржана елеганција и женственост.

 

Карин Ројтфилд

Не плашете се да бидете поинакви, па дури и чудни. Карин Ројтфилд е еден од најголемите поборници за истакнување и задржување на индивидуализмот во модната глобализација, па затоа слушајте го вашиот внатрешен инстинкт и пренесете и го на околината преку вашиот избор на облека. За тоа не е потребно да измислите нови, футуристички форми, туку едноставно вообичаените линии нека добијат несекојдневен шмек со комбинација на уникатни материјали и детали.

 

Клеменс Поези

Експериментирајте со комбинација на различни стилови. Почнете со спојка на кежуал и коктел по примерот  на Клеменс Поези. Ако мислите дека е невозможно, пробајте на вас една комбинација. Правилно синхронизираните дезени и вистинскиот избор на материјали прават чуда!

 

Објавено:
10 јануари 2014
Категорија: 
Тренд