Дајан вон Фустенберг прослави 40 години успех

15 јануари 2014

Позната по безвременските фустани на преклоп што го променија животот на жените, дизајнерката Дајан вон Фустенберг прослави 40 години од својата работа во модната индустрија. По тој повод, во Лос Анџелес таа ја отвори изложбата насловена „Journey of а Dress“. Меѓу гостите се собраа најпознатите ѕвезди, како и најголемите модни икони.

 

Изложбата се состои од фотографии што ретроспективно го прикажуваат работниот опус на дизајнерката, како и преку стотина фустани на преклоп. Погледнете каква е атмосферата и кои познати дами беа дел од случувањето.

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Актуел