Изминатата година беше полна со патокази за младата и успешна светска црномурна манекенка, Малаика Фирт, чија кариера почна со есенската кампања за 2013-та на Прада, која за неа претставуваше отскочна даска во кариерата. Потоа следуваа исто така успешните ангажмани од Барбери и Валентино. Според модните експерти Малаика е новата Наоми Кемпбел, а споредбата е токму поради тоа што брендот Прада од 1994 година немаше ангажирано црн модел освен Кемпбел. Секако, сите тие успешни моменти, заслужуваат одмор, а Фирт која моментално живее во Лондон, деновите за одмор ги поминува во нејзиниот егзотичен роден крај, Мамбоса во Кенија.
-Не сум се вратила во Мамбоса цели три години, затоа сум многу возбудена што сум во моето родно место и што гледам колку се променило. Се разбира радосна сум и поради средбата со моето семејство, изјавува Малаика.
Младата и популарна манекенка секако споделува и фотографии од нејзиниот тамошен престој.