На саем во Минхен ќе се презентираат најновите текстилни трендови

27 јануари 2014

saem

Од 4-ти до 6-ти февруари во Минхен ќе се одржи првиот во низата интенационални саеми за текстил, каде што ќе бидат презентирани најновите иновации во областа на текстилот, како и трендовите во текстилната индустрија за сезона пролет-лето 2015 година.

Преку 900 избрани изложувачи од 35 земји ќе имаат можност да го претстават својот асортиман на материјали. Поголемиот дел ќе бидат претставени во колекции, а останатите како додатоци.

Просторот за изложување се простира на 45.000 метри квадратни, а имајќи ја предвид големата посетеност во изминатите години, се очекува заинтересираноста и оваа година да биде на ниво, со преку 20.000 посетители.

„Со селектирано портфолио и релевантни пазарни области, „Munich fabric start“ продолжува да се етаблира и да ја зацврснува позицијата како интернационален саем. Датата на одржување, со која всушност се отвора сезоната на саеми и силниот германски пазар се дополнителни фактори кои придонесуваат за зголемувањето на интернационалното значење на Минхен, како можност за прва, рана информација“, изјавува менаџер директорот на саемот, Волфганг Киндер.

saem1

Според произведувачот Емилијано Боното, кој веќе ја презентираше неговата колекција во декември, смета дека германскиот пазар станува се повозбудлив: „Порано фокусот беше повеќе на комерцијалните парчиња, а сега има повеќе мода“.

Во рамките на саемот има и посебен дел наречен „Haute sporture“, каде се презентираат миксовите од елеганција и ноншалантност. Материјалите изработени според најнова технологија се врзуваат за чисти линии. Високата уменост на couture се меша со спортските влијанија.

Кога се боите во прашање, во центарот на вниманието се бледите пастелни бои, смирена беж и транспарентната бела.

На овој саем ќе се најдат и околу 190 светски водечки доставувачи, како и накит од текстилната индустрија, вклучувајќи ги Union Knopf, Fabian, F.I.T., Cadica Group, Swarovski...

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Актуел