Ема Вотсон е следниот моден уредник?

30 јануари 2014

 

Слатката волшебничка од мега хитот „Хари Потер“, 23-годишната актерка Ема Вотсон е ѕвезда на февруарската и мартовската насловна страница на британскиот магазин Wonderland, чие издание треба да излезе на 7 февруари непосредно пред почетокот на модната недела. Покрај тој ангажман таа е и гостин уредник на дел од содржините во списанието. Младата актерка на социјалните мрежи сподели од фотографиите кои ќе се најдат во списанието, сликани од страна на Кристијан Оита, а Метју Џозеф, пак, се погрижи Ема да изгледа како вистинска принцеза. Уште еден факт кој не става во недоумица во врска со модниот ангажман на Вотсон е нејзиниот статус на социјалните мрежи во кој вели дека да се биде моден уредник воопшто не е лесно. Дали соработката помеѓу актерката и списанието ќе продолжи и дали Ема ќе биде новиот моден уредник останува да видиме. Во продолжение уживајте во едиторијалот кој актерката го направи за магазинот.

 

 

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Актуел