Кој би ја заменил Ана Винтур?

1 февруари 2014

Anna-Wintour

Откако се појави информацијата дека Сара Џесика Паркер би можела да ја замени Ана Винтур, странските медиуми дадоа и свои предлози. Според извор близок до Винтур, на неа многу и се допаѓа стилот на актерката, а со тоа што веќе е во дизајнерските води има голем плус, и Ана смета дека еден ден би можела да биде успешен уредник на списанието.

Но, еве дел од најинтересните кои би можеле да се најдат на списокот на наследници:

Викторија Бекам - таа е вистински камелеон, а со години наназад е во врвот на интернационалното модно дрво.

beckham-russo_2808502a

Ана Дел Русо- веќе е уредник, па ја има визијата за тоа како може да изгледа едно списание, а имајќи го предвид и нејзиниот „откачен“ стил, сигурно нема да биде досадно.

Ејми Aстли - е сигурен избор. Таа веќе е соработуваше во Винтур, кога беше уредник во Вог во одделот за убавина. Сега работи во Тинејџерската верзија на списанието.

astley-massenet_2808503a

Натали Масенет - бизнис избор. Основач на Net-A-Porter и моден уредник на Татлер, а исто така и таа доби одобрување од Винтур дека одлично си ја извршува работата. „Таа е многу организирана и има влијание од ревиите кои се одржуваат во Лондон“.

Марк Џејкобс - Тој е надежен и решителен, а во исто време одличен стилист, и многу дробро знае што сакаме сите да носиме.

marc-jacobs-leaving-louis-vuitton-1

Роџер Федерер - иако делува како „натрапникот“ во оваа група, тој сепак знае како се носи одело, а исто така има спортска линија посветена на него. Дисциплиниран е, посветен во работата, а ја има поддршката на Ана Винтур на трибините.

federer-galliano_2808499a

Џон Галијано - провоцира каде и да се појави. Тој е исто така еден од луѓето кои Винтур ги поддржува. Таа прва му даде работен ангажман после скандалот со Оскар де ла Рента, што доволно кажува колку верува во неговиот талент.

Лена Данам - гласот на генерацијата. Таа се појавува на насловната страница на американското издание на Вог за овој месец, а кога би била наследник на Ана, несомнено би внела нова енергија и свжина.

lena_dunham_vogue_cover

Мерил Стрип - Ако Сара Џесика Паркер може да биде уредник, затоа што веќе била новинар во серија, тогаш Мерил Стрип исто така може да се најде на оваа листа, особено имајќи предвид дека го толкуваше ликот токму на Ана Винтур.

92 Anna Wintour 1 FILM 3

Што мислите вие, кој е совршениот наследник на Ана Винтур?

Објавено:
1 февруари 2014
Категорија: 
Актуел