Кога може машката облека лесно да се адаптира во женски изглед, тогаш зошто тој случај да не биде и со обувките. Пролета која доаѓа дополнително не мотивира да направиме план, какви чевли треба да си купиме, зашто нели ние како жени сме опседнати со нив. Знаеме дека повеќето од вас ги сакаат оксфордките, кои во претходните сезони ги носевме во  еднобојни варијанти и такви од комбинација на две бои.

 

Сега, за претстојната сезона, машките оксфордки освен што ќе бидат константно актуелни за мажите и женските модели добиваат средна висина на платформа, светли бои и металик нијанси. Британскиот бренд за обувки Гарсон, од пролетниот лукбук, нуди токму вакви модели, но и такви што изгледаат како машки, а  сега веќе станаа унисекс. Едно е сигурно, дека полека жените ќе почнат да купуваат и во продавници специјализирани само за „машки“ обувки.

Објавено:
3 февруари 2014
Категорија: 
Модни додатоци