За WOW на неделата ја избравме Делта Гудрем која дефинитивно воодушеви со фустанот во форма на сирена, вино боја, со отвор во форма на триаголник под градите, креација на Мајкл Костело. Формата и нијансата на креацијата се како создадени за Делта, која изгледот го надополни со минималистичка шминка и обетки.
За LOL на неделата ја избравме Патриша Кренцил попозната како „Taning Mom“ која всушност пати од синдромот тенорексија, па постојано оди на солариум за потемнување на тенот. Верувале или не, таа и покрај зависноста е движечка реклама кога е самопотемнувањето во прашање. Но што се однесува до нејзиниот аутфит, едноставно не можеме да ги пронајдеме вистинските зборови, освен да кажеме дека 44 годишната Патриша изгледа невкусно, ефтино, па дури и трагично, а истото се однесува и на нејзината фризура и бледиот кармин.