Оскар де ла Рента со хуманитарно дејствување во Мајами
•
20 февруари 2014
Само три дена откако ја прикажа својата најнова колекција во Њујорк, славниот дизајнер Оскар де ла Рента се претстави и во Мајами. Средствата собрани од влезниците за ревијата, дизајнерот ги донираше во добротворни цели за организација која се бори против ракот, а непосредно пред излегувањето на манекенките на писта , тој говореше на тема здравје и борбата против најстрашната болест на денешницата со која Оскар успешно се избори во 2006 година.
Дизајнерот веќе се наоѓа во Домениканската република каде работи на нови дизајнерски потфати.