„Kardashian Kids“ нова линија на ријалити сестрите

21 февруари 2014
 Ретко кој ги обожава ријалити ѕвездите Кардашијан, но нивната  последна колекција за деца  веќе важи за популарна. Брендот „К“  ќе ги израдува најмалите и најмилите, децата. Сестрите Ким, Кортни и Клое ќе ја лансираат нивната најнова детска колекција на 15-ти март, насловена „Kardashian Kids“. Линијата вклучува тренди парчиња со златни додатоци, леопардови принтови и слатки пеплум кроеви, а е наменета за бебиња на возраст од 24 месеци. Бебешките парчиња со потписот на Кардашијан ќе се продаваат ексклузивно во „Babies "R" Us“.
„Оваа идеја се роди кога Кортни беше бремена со Пенелопе. Инспирацијата беше главно на Кортни, и јас тоа не можев да го почувствувам на вистинскиот начин се додека не забременив“, изјави Ким за WWD.
Гледајќи ги фотографиите од колекцијата, стилистите ја окарактеризираа како неверојатно слатка, симпатична, удобна за носење, изработена од меки и високо квалитетни материјали и ткаенини.
Објавено:
21 февруари 2014
Категорија: 
Актуел