Што да облечете денес?

28 февруари 2014

Петочно ви предлагаме да уживате од комфорот на тренди рокерска комбинација сочинета од кожени панталони или хеланки надополнети со широка маичка со пруги во црно црвена боја, а врз неа црна моторџиска јакна или модифициран крој на капут кој потсетува на мото јакните. Целата комбинација надополнете ja со впечатливите аксесоари како кожените ракавици, шапката, шалот и чантата со нитни. Имајте убав ден!

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Тренд