Во текот на целата негова кариера тој беше вистински пример за создавање на уметнички дизајнирана облека до ниво на луцидност, тотално сцојствена и помалку театрална. Големиот Александар Меквин се чини дека ги имаше брилијантните и вистински техники за кроење на неговите парчиња облека, сѐ додека светот не се збогува од него во 2010 година кога тој изврши самоубиство во неговата хотелска соба.
Денес, успешната модна приказна на брендот ја продолжи неговата долгогодишна соработничка и десна рака, Сара Бартон.
Неговата работа и позитивно „откачена“ личност беше обожувана од многумина. Неговите музи и пред сѐ пријателки без кои тој не можеше да се замисли себеси беа големата британска модна кралска икона Дафне Гинис со која пак тој ја делеше љубовта кон нивната заедничка пријателка која подоцна стана и негова муза, стилистката и модна уредничка Изабела Блоу.
Она што не смееме да го изоставиме кога говориме за Александар Меквин е неговата голема љубов кон неговата „девојка“ Кејт Мос. Многу е тешко да се заборави револуционерниот чекор што тие двајцата го направија кога Кејт Мос се појави во вид на холограм на неговото модно шоу во 2006 година.
Оттука, сосема нормално е што неговата омилена Кејт оваа година беше прогласена за лице на кампањата за пролет/лето 2014 на брендот. Можеби изненадувачки, но ова е прв пат таа да се појави во официјална кампања за Александар Меквин.
Одличните креации на Сара Бартон како креативен директор на брендот Александар Меквин го продолжуваат богатото наследство што неверојатниот дизајнер го остави да сведочи за неговиот безвременски квалитет и единствената театралност со која се чини, само тој располагаше.
Во продолжение се потсетуваме на дел од неговите најпознати цитати:
„Модата треба пат за бегство, не пат за робство“.
„Сакам да ја поттикна и да ѝ дадам сила на жената. Сакам луѓето да се плашат од жената што јас ја облекувам“.
„Дајте ми време и ќе ви дадам револуција“.
„Никогаш не ја гледам работата на другите. Мојот ум треба да биде комплетно фокусиран на моите илузии“.
„Кога ќе ме нема, луѓето ќе знаат дека 21-от век започнал со Александар Меквин“.
„Нова ера има во модата. Нема правила. Сè е во индивидуалноста и личниот стил. Се носи и висока мода и евтини парчиња, креации од класични дизајнери и нови имиња и тоа сè заедно“.
„Само ако правиш грешки, можеш да одиш напред“.
„Славата треба да им биде оставена на филмските ѕвезди“.