Импозантна историска изложба „Гламурот на италијанската мода од 1945 до 2014“ во Лондон
•
19 март 2014
Во музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон на четврти април ќе биде отоврена најголемата изложба за годинава насловена „Гламурот на италијанската мода од 1945 до 2014“, а која ќе биде историска ретроспектива на италијанската мода од периодот по Втората светска војна до денес.
Импозантната поставка ќе претстави фотографии со непроценливо значење, филмови од историјата на италијанската мода, како и дела на стотина дизајнерски имиња и брендови кои доминантно учествувале во градењето на глобалната слика на модната индустрија како: Долче и Габана, Гучи, Прада, Валентино, Версаче и други.
Изложбата ќе биде отворена до 27-ми јули.