Историјата на патиките

20 март 2014

Првите модели на патики настанале во 18 век, но тоа биле платнени патики со гумена основа кои не биле воопшто практични, а не постоело ни поделба на лева и десна патика. Во 1892 година една американска фирма лансираше своја верзија на патики под името Кедс. Овој модел на патики беа популарни се до 1917 година, а денес овој тип на патики се еднобојните платнени патики познати како plimsole shoes.

Истата година Маркис Конверс ги создава првите патики за кошарка, старките– Converse All Stars. Во 1923 година играч од кошаркарскиот клуб Indiana Hoos ги прифаќа патиките како најсоодветни за овој спорт и тие го добиваат називот Chuck Taylor All Stars.

Патиките својата светска слава ја започнуваат во 1924 година и тоа благодарение на Германецот Ади Даслер, а тоа е денешниот познат спортски бренд Адидас. Овој модел на патики за брзо време стана популарен кај атлетичарите, а братот на Ади создаде уште еден спортски бренд – Пума.

Во првата половина на 20 век патиките се сметаа за спортски обувки се додека во 50 – тите години младите не започнаа да ги носат како секојдневни обувки и тоа следејќи го примерот на Џејмс Дин од улогата во филмот „Rebel without a cause“.

Првата службена продажба на патики е во 1984 година кога Мајкл Џордан потпишува договор со Најк, а моделот на патики го доби називот „Air Jordan“ – најпознатиот модел до сега. Дури и по заминувањето на кошаркарот во пензија, не опадна продажбата на овој модел, а спортските брендови Најк, Адидас и Рибок се во постојана борба за лансирање на подобар модел од претходниот, со некој интересен детаљ или поинаков начин на врзување.

Патиките никогаш не излегуваат од мода, туку добиваат само подобра модификација и нудат поголема комформност. Изборот на формите, нијансите и моделите е богат и прилагодлив според барањата и потребите на клиентите. Исто така покрај стандардните модели, како минатата сезона така и оваа, голема популарност имаат патиките со полна пета, кои се одличен избор за дневни стајлинзи.

Објавено:
20 март 2014
Категорија: 
Стории