TK Max ангажираше „обични“ луѓе во својата реклама и резултатите се одлични!

24 март 2014

Ланецот британски продавници TK Maxx објави дека за својата пролет/лето 2014 кампања ќе ангажира група од 12 сосема „обични“ купувачи.

Она што можеби е најинтересно е дека во групата е вклучена и 62 – годишната Олга Никол, која била забележана од нивните луѓе додека купувала во една од продавниците во Лондон.

Од брендот посочуваат дека кампањата наречена едноставно „Me By Me“ докажува дека „луѓето се најсреќни и најсамоуверени кога се она што се“.

Ова не е прв пат британската компанија да одбере постар модел за реклама. Всушност, минатата година тие ја ангажираа 85 – годишната Дафне Селф која е најстариот модел во светот, да биде дел од нивна кампања.

Овој чекор на компанијата доаѓа само неколку дена откако уредничката на британскиот Вог Александра Шулман изјави дека „никој не сака да види „реални“ луѓе на насловната на Вог“, но очигледно не е така во останатата модна индустрија.

Во продолжение погледнете го и нивното инспиративно видео!

Објавено:
24 март 2014
Категорија: 
Сцена