Ова е една од омилените фризури на жените, затоа што речиси и да нема жена на која не и прилега, бидејќи е добар избор за секој облик на лице.
Ако се одлучите оваа пролет боб да биде вашата нова фризура, еве неколку совети. Иако е добра за секој тип коса, особено е соодветна за оние што имаат тенка коса.
*Ако имате тркалезно или срцевидно лице, подолг боб, на пример до раменици е одличен избор за вас. Добро ќе изгледате доколку имате и подолги шишки зачешлани на страна. Жените што имаат тркалезно лице треба да го избегнуваат кусиот и многу брановиден боб, затоа што на тој начин уште повеќе ќе ја нагласите округлоста.
*Ако лицето ви е во квадратест облик тогаш одлучете се за степенест боб - напред подолг, позади покус. Внимавајте и на должината на косата, таа мора да ви биде долга макар три до пет сантиметри од брадата. Боб во должина до брадата не е добар избор затоа што така дополнително ќе ја нагласите веќе изразената аголност на лицето.
*Боб со рамни шишки најдобро одговара на овално, срцевидно или издолжено лице.
*Ако имате кус врат, тогаш избегнувајте боб до линијата на брадата, затоа што така само ќе го нагласите недостатокот.
*Долгиот боб им соодветствува на сите облици на лица, но косата може и слоевито да ја потстрижете. Ако имате квадратест облик на лицето тогаш косата поделете ја на патец на средина, а ако имате овално или издолжено лице, тогаш подобар избор е патецот на страна. Исто така ако имате издолжено лице, добро ќе ви стои благо брановиден боб, додека на тркалезниот облик на лице, рамната коса е вистински погодок.
*Ако имате прилично кадрава коса, внимавајте каков боб правите, за да не изгледа како да имате трапезна форма на главата. Степенаста форма на косата овде е одличен избор.
*Ако пак се соочувате со мошне тенка коса, тогаш потстрижете се скалесто, така ќе добиете на волумен.