Соодветната матурска креација зависи од вашите преференции во однос на структурата, дизајнот и нијансата, но секако и од структурата на телото. Доколку сакате истовремено да изгледате елегантно и уникатно, модната куќа Елена Лука ви препорачува фустан во пастелно розова нијанса, со крупно плисе на горниот дел, а со специфични конструкциски форми во долниот дел.
Изборот на модните додатоци исто така се сведува на нежни тонови, односно обетки со бисери и клач чанта со цветен принт за дополнително да се внесе разиграност во изгледот, а соодветно на тоа може да комбинирате и сандали на висока платформа, со отворени прст и пета. Овој стајлинг е наменет за сите оние девојки кои сакаат да изгледаат женствено и софистицирано за својата матурска вечер.