„Облечете“ го телефонот со вашиот омилен лик

2 април 2014

Љубителите и колекционерите на маски за телефон сигурно ќе бидат воодушевени од идејата да го имаат маска со својата омилена популарна личност. Шон Вилијамс во соработка со брендот Casetagram создаде Типографски портрети (Typography Portraits) аплицирани на маски за iPhone 5 и 5S.

Ликот на омилените ѕвезди е всушност насликан со помош на зборовите кои асоцираат на него, како филмски цитати, или стихови од песни, името на ѕвездата и слично.

Помеѓу понудените маски се наоаат ликови на пејачи и актери, па својот мобилен можете да го „облечете“ со ликот на Канје Вест, Џастин Тимберлејк, Кети Пери, Одри Хепберн, Брајан Кренстон и многу други, кои можете да ги погледнете во продолжение:

Објавено:
2 април 2014
Категорија: 
Модни додатоци