За WOW на неделата ја избравме Шарлин Вудли која воодушеви со креацијата на Зухаир Мурад од пред есенската колекција за 2014. Белиот свилен фустан ја истакна телесната структура, а долниот завршеток во сирена форма допринесе за вистински гламурозен изглед. Фустанот имаше впечатливо V деколте, а како дополнителен интересен детаљ беа златните патенти кои се провлекуваа низ ракавите и по должината на фустанот.

За LOL на неделата ја избравме Џенунари Џонс чиј стајлинг малку не збуни. Интересно е кога се прави спој на форми и текстури, но се треба да биде во граница на нормала. Фустанот во делот на горната конструкција беше со геометриски форми, струкот беше нагласен со ремен со златен металик ефект, а долниот дел со асикметрични форми. Целосниот изглед нема никаква целина и тоа не се однесува само на формата ан фустанот, туку и на изборот на модни додатоци за дополнување на изгледот.

Објавено:
8 април 2014
Категорија: 
Без категорија