Шакира моќна рок мама за Elle

13 јуни 2013

 

Колумбиската пејачка се најде на насловната страна за јулското издание на американски Elle. Шакира позира пред објективот на Картер Смит како рок девојка облечена во шик модни парчиња од Версаче и Дајан фон Фурстенберг. Русокосата убавица зборува за нејзината нова професија мајчинството. „ Јас сеуште се обидувам да најдам начин да се снајдам во таа улога. Некои луѓе велат дека тоа е најубавото нешто што може да и случи на една жена, некои пак гледаат како да е вистинска тортура...Јас пак мислам дека се е искуство, тоа е животот.“

 

 

 

 

Објавено:
13 јуни 2013
Категорија: 
Актуел