Вивиен Вествуд ќе одржи еко – ревија во Будва

15 април 2014

Ексцентричната британска дизајнерка Вивиен Вествуд на 31.Мај ќе одржи самостојна еко – ревија во Будва под називот „Everything is connected“.

Почетокот на ревијата е закажан за 20.30 часот, а во Будва дизајнерката ќе ја претстави својата пролет/лето 2014 колекција во рамки на „Climate Revolution“ иницијативата со која сака да го привлече вниманието на јавноста кон климатските промени.

Британската дизајнерка веќе некое време преку донации и волонтирање им помага на различни организации што се занимаваат со климатските проблеми, а сега зазема еден сосема нов правец – настојува да ја разбуди еколошката свест и преку своите колекции.

Посебен акцент во новата колекција дизајнерката става на плетениците, а поголем дел од парчињата во себе содржат рециклирани стакла од очила во посебни облици и со посебни мотиви.

Светскиот моден настан во Црна Гора го организира агенцијата „Мурано Монтенегро“ што за оваа ревија ангажираше една од најпознатите стилистки на модната сцена Клаудија Бенке која досега има соработувано со Том Форд, Алберта Ферети, Вивиен Вествуд и многу други познати светски дизајнери.

Минатата година, агенцијата успеа на овој светски моден настан да го донесе светски познатиот и омилен меѓу многумина Роберто Кавали кој одржа неверојатна " target="_blank">модна ревија на 10 јуни.

Објавено:
15 април 2014
Категорија: 
Актуел