Модниот бренд „Лудус“ на 9 – ти и 10 – ти Мај ќе организира поп – ап продавница во Младинскиот културен центар во Скопје.
Поп ап продавницата во текот на двата дена ќе работи под името Super Design Pop Up Store, а сите заинтересирани ќе можат да ја посетат од 12 со 22 часот.
Учество на овој настан ќе земат повеќе македонски брендови и дизајнери меѓу кои и „Лудус“, Лидија Георгиева, младата Јелкица Поповска, Mikka Design, Acidwear Girls, Bastet Noir, Елена Ристовска, Елена Спасовска, Билјана Каровска, Chic Undercowear, ATAMY & GAYA, Ilina Design, Ilina Design – wood која ќе ја претстави колекцијата очила со рачно изработени рамки од дрво.
Покрај споменатите, учество ќе земат и уште неколку други дизајнери и брендови кои ќе прикажат многу накит, супер парчиња облека и трендови за претстојната пролет/лето сезона.