Секоја сабота во Кејп Таун, градот познат по пристаништата во Јужна Африка, на местото наречено  „Тhe Old Biscuit Mill“  каде се пазари храна, цвеќе и разни занаетчиски производи, може да се сретнат кул млади луѓе кои  доаѓаат токму на ова место надвор од центарот на градот за да шопингуваат. Оние што го посетиле,  знаат да кажат дека не многу се разликува од Бруклин и Ле Маре во Париз. Но, кога станува збор за стилот од облеката на луѓето што може да се сретнат, се забележува урбан имиџ најчесто сочинет од тренди шик парчиња, кај кои секако во фокусот се африканските мотиви. Од женските изгледи најчесто комбинирани се искинатите фармерки, како во широк така и во цигара крој, кратки бермуди и секако неизбежните мото јакни. Исто како и девојките и припадниците на посилниот пол се водат според актуелните трендови, но не се исклучени ниту оние со уникатен индивидуален стил. Погледнете како изгледа модерна Африка.

 

 

Објавено:
7 мај 2014
Категорија: 
Фото галерија