Џесика Алба е прогласена за Мајка на годината

10 мај 2014

Вчера вечерта беше резервирана за холивудската миленичка Џесика Алба која со своето семејство се појави на Mother’s day lunch and fashion show за да ја подигне наградата за Мајка на годината.

За овој повод актерката се појави во фустан во ретро стил од модната дизајнерка Мери Катранцу, во пастелна нијанса со металик ефект. Изгледот го комплетираше со бели салонки и клач чанта во беж нијанса. За целосен ефект на глам изглед, актерката имаше минимална шминка и едноставна фризура со кадрици.

Објавено:
10 мај 2014
Категорија: 
Сцена