Александар Вутие: Колекција за смели и самоуверени жени

28 мај 2014

 

Vutie kolazАко се суди по атмосферата (музика и сценографија) во која беше презентирана spring couture колекцијата на Александар Вутие, ќе помислите дека се работи за парчиња кои можете да ги носите во дискотека, клубови или било кое друго место како асоцијација за ноќен живот. Но, всушност она што сакал да го прикаже и од што се иснприрал францускиот дизајнер била плажа.

Така, ако подобро се загледате во парчињата, ќе забележите дека навистина има асоцијации на плажа, море, егзотика во секоја од нив. Ревијата ја отвора комбинација од куси бели панталончиња и горен дел со егзотични шари - доволна асоцијација за егзотика на плажа. Низ колекцијата се провлекуваат парчиња изработени од материјал што потсетува на кожа од крокодил, а егзотичноста Вутие ја презентира и преку вметнување на племенски етно елементи. Тоа се забележува преку употребата на кожа, како и долги реси и плетени елементи.

Ако судиме според првичните оценки на колекцијата, во неа се забележува нота на Живаши, како и на Сен Лоран (креацијата со леопардов дезен). Но, во секој случај, овој дизајнер остана доследен на својата екстраваганција, комбинирајќи различни материјали, форми и кроеви и создавајќи колекција за смели и самоуверени жени.

Објавено:
28 мај 2014
Категорија: 
Колекции