Алекса Чанг е ново заштитно лице на Nails Inc

31 мај 2014

Најновата вест која е поврзана со неа се однесува на новата соработка со компанијата Nails Inc која е со седиште во Англија, но има ланец на 60 продавници насекаде во светот. Откако во 2012 година кампањата за новата линија лакови ги надмина очекувања со неочекуван успех, од Nails Inc решија да ја ангажираат Алекса повторно, но овој пат како заштитно лице на компанијата.

Сепак целата линија лакови за нокти нема да се најде во продажба се до август, освен една нијанса - црвениот лак за нокти ќе биде во продажба од јуни и тоа по цена од 11 долари. Сега за сега во јавноста е пуштена само една фотографија на која се гледа и амбалажата за новата линија лакови за нотки во соработка со Алекса Чанг.

Објавено:
31 мај 2014
Категорија: 
Сцена