Долче и Габана се осудени на речиси 2 години затвор
•
20 јуни 2013
Доменикот Долче и Стефано Габана не успеаја да се спасат од затвор. Нивните проблеми почнаа во декември кога беа обвинети за затајување данок, а по неколкуте судења, на крај се прогласени за виновни. Судијката Антонела Брамбилја ги осуди дизајнерите на година и осум месеци затвор.
Како стои во обвинението дизајнерската двојка е обвинета за затајување на 416 милиони евра данок при продажбата на нивните етикети на компанијата „Gado Srl“. Дизајнерите изјавија дека ќе поднесат жалба на одлуката.