Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #16

13 јуни 2014

И повторно сме пред прагот на уште еден нов викенд. Ова се деновите кога комплетно можете да се одморите и релаксирате од работните обврски, а да си посветите и малку време за себе. Доколку овој викенд треба да присуствувате на некаква свеченост или пак сакате да си дозволете модно уживање, одлучете за еден од стајлинзите што модната куќа Елена Лука ги издвои за вашиот дневен и вечерен изглед.

За дневна варијанта, брендот Елена Лука ве советува да одберете краток коктел фустан. Горниот дел од фустанот е корсет во темно виолетова боја целосно изработен од сатен, а долниот дел е лелеаво здолниште со должина до над колена изработено од жоржет материјал на кои има аплицирано сиви, црни и темно виолетови принтови. Струкот на фустанот е потенциран со сатенски ленти во црна и сива боја, украсени со мулаж техника од жоржет. Со оваа креација, комбинирајте чевли со висока потпетица во беж нијанса.

За вечерниот стајлинг пак, модната куќа ви предлага краток коктел фустан. Горниот дел од фустанот е корсет кој суптилно го открива вашето деколте и врат и е целосно изработен од сатен. За да се истакне впечатливоста на креацијата сатенот од кое е изработен корсетот е со принт од масивни цветови во сина и розова боја. Долниот дел е еднобојно здолниште со широк волумен во глок форма со должина до над колена. Со оваа композиција комбинирајте чевли со висока потпетица во црна боја.

Одличната игра на бои и принтови во спој со кроевите кои се добитна комбинација на моден изглед што ќе допринесат  да изгледате како вистинска принцеза. Затоа послушајте ги советите од модната куќа Елена Лука и одберете модел од нивната богата понуда.

Објавено:
13 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија