Најновите трендови за веренички прстени за 2014 година

14 јуни 2014

Вереничкиот прстен се носи цел живот, тоа е безвременско парче накит што го отслиува стилот и карактерот на жената што го носи. Како и во сите сфери така и кај ваквиот накит постојат трендови и тенденции кои се менуваат од година во година. Момците што наскоро планираат да подарат ваков прстен сигурно се во дилема каков да одберат, а во продолжение ви олеснуваме токму во поглед на последните трендови за веренички прстени. Цвеќето ги инспирираше дизајнерите, па ваквите мотиви се често застапени. Ваквите модели се деликатни и романтични, затоа ако вашата избраничка преферира женственост од стилот ова е идеалниот за неа.

 

Ако до пред извесно време актуелни беа прстените од бело злато, како и оние во комбинација од бело и жолто, сега најновите се во спој од розова и сива  нијанса. Атрактивната естетика сигурно ќе го привлече вниманието на оние што го сакаат специфичниот дизајн.

Вереничкиот прстен со камен во боја е секогаш во тренд, така што сигурно нема да погрешите ако изберете ваков модел. Ако пак барате алтернатива за дијамант, креативните умови како солуција го посочуваат сафирот.

 

Неговата популарност во однос на елеганцијата е безвременска, затоа ако вашата понежна половина е дама со елегантен стил, тогаш изберете веренички прстен со сафир. Понатаму знаете што треба да прашате- Ќе се омажиш ли за мене?

Објавено:
14 јуни 2014
Категорија: 
Бела соба