Жизел Бундшен ќе го додели трофејот на победниците од СП во Бразил
•
17 јуни 2014
Жизел Бундшен била поканета да го додели трофејот на местото на претседателот на Бразил Дилма Русеф, кој е мета на навредливи скандирања за време на фудбалските игри поради големите финансиски трошоци како домаќин на Мундијалот, како и за претстојните Олимписки игри во 2016 година.
Мајката на две деца, Бундшен постојано е на пат помеѓу Бостон каде што моментално игра нејзиниот сопруг Том Брејди и ангажманите во Њујорк и Лос Анџелес. Официјалната церемонија за затворањето на првенството ќе биде на 13 јули на стадионот Маракана во Рио де Женеиро, каде ќе настапуваат Авичи и Карлос Сантана. Сепак најважното од целата церемонија е всушност кому ќе му припадне златниот трофеј од СП во Бразил.